Мајката на Циципас: Ѓоковиќ не е Србин по раѓање, тој само ја зел таа националност

од Vladimir Zorba
157 прегледи

Мајката на Стефанос Циципас, Јулија Апостоли (60) во руски поткаст проговори за Новак Ѓоковиќ. Нејзините изјави кренаа голема прашина во медиумите во Србија.

– Тие што го осудуваат Новак мора да разберат некои работи. Имав повеќеслоен живот. Извесно време живеев во Белград, па зборувам српско-хрватски. Иако сите пишуваат дека Новак е Србин, тој всушност е Бошњак по род. Тој само избра една од националностите што живееле во поранешна Југославија – рече Јулија.

Мајката на Циципас го пофали Ѓоковиќ.

-Новак е човек кој самиот се создал, не користел ПР, маркетинг и слично. Тој влезе во светот на тенисот кога Федерер и Надал беа на својот врв. Тие беа татковци на тенисот. Новак тогаш не беше познато име, но со текот на времето покажа и докажа дека се е можно.

Таа го спомна и воспитувањето на Ѓоковиќ и бомбардирањето на Србија од страна на НАТО.

-Ѓоковиќ имаше тешко детство и тоа може да се објасни. Како дете морал да се крие во засолништа поради бомбардирањето. За тоа време Федерер порасна во среќна земја – Швајцарија.

Јулија Апостоли е родена во Москва и е поранешна тенисерка и мајка на Стефанос Циципас. Нејзиното најдобро место во кариерата беше 194. во сингл и 130. во двојки, а играше и за Фед куп тимот на Советскиот Сојуз.

По тенисот дипломирала новинарство на Универзитетот во Москва и се омажила за Апостолос Циципас, со кого има два сина. Некогаш таа беше тренер на нејзиниот помлад син Петрос, додека нејзиниот сопруг го тренираше Стефанос.

Слични содржини