Роналдињо ќе стане дедо – неговиот син Жоао (19) го очекува своето прво дете

од Vladimir Zorba
35 прегледи

Познатиот фудбалер Роналдињо (45) ќе стане дедо. Девојката на неговиот син Жоао Мендес (19), кој минатиот август потпиша за англискиот фудбалски клуб Барнли, објави дека парот го очекува своето прво дете. 25-годишната Џована Бускацио, која живее со 19-годишниот Жоао во Манчестер, на социјалните мрежи објави дека веќе е бремена во 16-та недела.

Жоао е во врска со Џована повеќе од две години, а на социјалните мрежи често објавуваат фотографии од нивните авантури во Англија. Џована е сестра на актерката Гилија Бускацио.

Роналдињо, поранешната ѕвезда на Барселона и Милан, се уште не ја коментирал веста дека станал дедо.

Жоао, кој моментално игра за У21 тимот на Барнли како десно крило, е единственото дете на Роналдињо. Неговата мајка е поранешната танчерка Јанаина Мендес, која го запознала славниот фудбалер додека сè уште танцувала во популарното бразилско ТВ шоу Domgao do Faustao и набргу потоа почнале да излегуваат.

Жоао Мендес имаше само 14 години кога го потпиша својот прв договор со Најк во мај 2019 година, а таму беа неговите горди мама и тато. Роналдињо беше и заштитно лице на Најк кога ја освои титулата најдобар играч на светот во 2005 година.

На 13-годишна возраст, Жоао потпиша за бразилски Крузеиро, а потоа се пресели во Европа, каде што играше за У19 тимот на Барселона. Неговиот актуелен договор со Барнли истекува во јуни 2026 година.

Слични содржини