Се подготвува сензационален трансфер: Салах преговара со гигант

од Vladimir Zorba
18 прегледи

Фудбалерот на Ливерпул, Мохамед Салах би можел да го напушти клубот следното лето без обештетување. Неговиот договор истекува за шест месеци, а досега челниците на клубот не му понудиле услови за продолжување на соработката.

За седум години на „Енфилд“, Салах стана клупска икона, играјќи 369 натпревари со импресивни 224 гола и 100 асистенции. Во тековната сезона го води Ливерпул до титулата со 13 гола и 11 асистенции на 20 настапи.

Египќанецот неодамна го изрази своето разочарување поради немањето конкретна понуда за останување. Француски „Л’Екип“ објави дека ПСЖ веќе започнал преговори со египетската ѕвезда, искористувајќи ја можноста да го доведе како слободен играч во летото 2025 година. Парижаните, познати по големите трансфери и финансиската моќ благодарение на нивните сопственици од Катар, се подготвени да му понудат на Салах договор што ќе го стави меѓу најдобро платените играчи на клубот.

Според неофицијални извори, Салах моментално заработува околу 22 милиони евра годишно во Ливерпул. ПСЖ веќе има неколку играчи со слични примања, додека најголема плата има Усман Дембеле со 20 милиони евра годишно.

Слични содржини