Во ПСЖ го имаме најдобриот тренер во светот, смета Ал-Хелаифи

од Vladimir Zorba
8 прегледи

Луис Енрике е број 1 меѓу менторите, убеден е претседателот на Пари Сен Жермен, Насер Ал-Хелаифи. Шпанецот е во својата втора сезона на кормилото на парижаните, но е неубедлив оваа есен, бидејќи тимот има само една победа од пет кола во Лигата на шампионите досега. Енрике наследи тим во кој повеќе нема големи ѕвезди како Нејмар, Лионел Меси, Серхио Рамос, а сега и Килијан Мбапе.

-Според мене, во оваа фаза го имаме најдобриот тренер во светот – изјави Ал-Хелаифи во интервју за Скај спортс Германија. – Работи на проект за иднината. Резултатите се важни, но остануваме фокусирани на развојот на тимот, додаде.

Шефот ја коментираше и новата трансфер политика на клубот: „Имаме еден од најмладите тимови во Европа, ако не и најмладиот – просечна возраст од 22,5 години. Верувам во нашиот проект, нашиот систем, нашиот тренер и нашиот план. Нашите фудбалери се обединети и атмосферата е одлична“.

Слични содржини