Гласините за Салах не се точни, вели Ал-Хелаифи

од Vladimir Zorba
11 прегледи

Претседателот на Пари Сен Жермен, Насер Ал-Хелаифи остро ги демантираше гласините дека францускиот клуб е во преговори со ѕвездата на Ливерпул, Мохамед Салах и дека сака да го ангажира како слободен играч по завршувањето на актуелната сезона. Според бизнисменот, Египќанецот е фантастичен фудбалер, но парижаните не ни размислувале за можноста да се обидат да го привлечат.

„Ова не е вистина. Тој е фантастичен, неверојатен играч, но да бидам искрен, никогаш не размислувавме да го ангажираме. Знаеме дека секој клуб би бил среќен да го има во своите редови, но оваа гласина едноставно не е точна“, изјави Ал-Хелаифи во интервју за Флоријан Плетенберг од германската верзија на „Скај Спортс“.

За можните трансфери во јануари, претседателот накратко изјави: „Ако има добри можности, секако ќе ги проучиме“.

Договорот на Салах истекува на крајот од сезоната, а во последната недела крилниот напаѓач двапати изјави за англиските медиуми дека неговата иднина сега изгледа повеќе надвор од Ливерпул, а не во клубот.

Слични содржини