Манчестер Сити во моментов не може да си поставува големи цели како освојување на титулата во Премиер лигата, само треба да почне да победува во натпревари и да остане блиску до топ 4. Така изјави менаџерот на тимот, Пеп Гвардиола по серијата од седум последователни натпревари без победа, која „граѓаните“ ќе се обидат да ја прекинат утре против Нотингем Форест.
„Доколку го имавме целосниот тим оваа сезона, ќе бевме блиску до нивоата што ги достигнавме во последните години. Ќе разговараме во клубот што ќе биде најдоброто што можеме да го направиме во јануари. Тоа ќе зависи и од позицијата во која ние сме“.
Џон Стоунс не е наоколу. Не знам кога ќе се врати. Би рекол дека ќе биде следната недела. Де Бруин се повеќе е подготвен да стартува како стартер. Едерсон продолжува да биде бр.1, а Стефан е бр.2, но можеби ќе започне утре и во следните натпревари. Реакцијата на Едерсон беше навистина добра. Се знаеме осум или девет години“, изјави Гвардиола.
За квалитетите на утрешниот противник Нотингем Форест, Пеп вели:
„Тимот има силна физичка подготовка, добар менаџер и искуство. Како Брајтон и останатите. Се крева „средната класа“. Веќе се одиграа многу натпревари и овие екипи се на првите позиции, што значи дека се добри.
Размислуваме за следниот натпревар на ист начин како по победа. Мораме да ги расчистиме главите и да го избереме најдобриот состав за начинот на кој кој сакаме да играме. Ние не се сожалуваме себе си, јас не се сожалувам себе си. Ситуацијата е таква каква што е и мораме да ја прифатиме“, изјави Гвардиола на својата прес-конференција во пресрет на утрешниот натпревар на домашен терен против Нотингем Форест.
„Поради резултатите не можеме да размислуваме за големи цели како титулата. Тоа би била голема грешка. Мораме да се обидеме да победиме тим што е блиску до нас во пласманот и да се обидеме да останеме блиску до топ 4. Мора да победуваме во натпреварите, би рекол дека не сме далеку од тимот кој е втор во моментов, но начинот на кој играте и постојаноста се нештата кои можат да ви дадат позитивни мисли за иднината. Не можете да се борите против тоа. Мора да имаме попродуктивни моменти и потоа да одиме чекор по чекор“, додаде Гвардиола.