Жена почина, а дете се бори за живот по пад од балкон во Кисела Вода

од Nikola Popovski
35 прегледи

Вчеравечер во скопската населба Кисела Вода се случила трагедија. 70 годишна жена и малолетник паднале од зграда, по што жената починала на самото место, а малолетникот е тешко повреден.

Не е познато под кои околности жената скокнала од балконот и дали детето било со неа во тој момент или паднало претходно.

– Вчеравечер во 19.40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на територијата на Кисела Вода, две лица, 70-годишна жена и малолетник, паднале од зграда. Жената починала на лице место, а малолетникот е пренесен во Ургентен центар за укажување на помош, информираат од МВР.

Од полицијата појаснуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Слични содржини