Актерката Анџелина Џоли во својата кариера портретираше бројни познати личности, од супермоделот Џиа Каранги во филмот Gia, новинарката Маријана Перл во филмот A Mighty Pearl и неодамна оперската пејачка Марија Калас во филмот „Maria“.
Меѓутоа, кога се појави прашањето за снимање биографски филм за нејзиниот живот, актерката откри дека немала желба да снима или гледа таков филм.
Анџелина Џоли моментално го промовира филмот „Maria“, кој пристигнува на Netflix на 11 декември, а неодамна во интервју за The Sunday Times ја отфрли идејата за биографски филм за нејзиниот живот.
„Ова е прашање кое заслужува награда за најлудото прашање“, одговори Џоли и додаде: „Кога си јавна личност и глумиш некој друг, свесен си колку би мразел некој да го протолкува твојот живот или да мисли дека го разбира. Затоа се обидовме да бидеме внимателни со Марија. Се надевам дека нема да има биографски филм за мојот живот“, рече актерката.
Според Variety, Анџелина Џоли моментално е фаворит да биде номинирана за Оскар за најдобра актерка за улогата во „Maria“.
Филмот се фокусира на последните денови на оперската пејачка додека талка низ сеќавањата на нејзината позната и бурна кариера.
За улогата, Џоли помина со месеци учејќи да пее опера за да го сними сопствениот вокал на снимањето.