Светските цени на храната повторно пораснаа – сега на највисоко ниво во последните 19 месеци

од Vladimir Zorba
25 прегледи

Светските цени на храната пораснаа четврти месец по ред во ноември и сега се на највисоко ниво од април 2023 година, објави денеска Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО).

Вредноста на светскиот индекс на цените на храната (FFPI) за ноември изнесува 127,5 поени, што претставува зголемување од 0,5 отсто во однос на октомвриските 126,9 поени, соопшти ФАО.

Резултатот е последица на зголемувањето на вредноста на индексот во категориите растителни масла и млечни производи, со истовремено намалување на категориите месо, шеќер и житарки.

Слични содржини