Килијан Мбапе летово од ПСЖ како слободен играч пристигна во Реал Мадрид по неколкугодишни преговори, но не ги оправда очекувањата.
Од францускиот напаѓач се очекуваше многу, но тој не ја оправда репутацијата што го следеше.
Најпопуларниот шпански медиум „Марка“ пишува дека играчот кој беше опишан како најдобар напаѓач на светот „е далеку од играчот за кој сите мислеа дека е природен наследник на Лионел Меси или Кристијано Роналдо“.
Неговите 10 гола и две асистенции ја кријат реалноста, се додава во текстот и се истакнува дека е невозможно да се споредува Реал минатата и оваа сезона.
Во обид да го стори тоа по исто толку натпревари во првенството (15) и Лигата на шампионите (5), со додавањето на Суперкупот на Европа, Реал бележи поразителни резултати.
Реал минатата сезона / Реал оваа сезона:
Голови во првенството: 33 / 31
Голови во Европа, Лига на шампиони, Суперкуп на Европа: 13, – / 9, 2
Вкупно голови: 46 / 42
Покрај послабите бројки во нападот, Реал сезонава веќе пет пати бил поразен, три пати во Лигата на шампионите. Во целата последна сезона имаше само еден првенствен пораз, сега веќе има два. Вкупно минатата сезона двапати одигра натпревар без постигнат гол, а сега има три такви натпревари оваа сезона.
Очигледно, на кралскиот клуб му оди полошо оваа сезона, а според медиумите, цената на лошите резултати ќе ја плати Карло Анчелоти, кој на крајот од сезоната ќе си замине од „Сантијаго Бернабеу“, но засега никој ова официјално не го потврдува.