Тенисерот Новак Ѓоковиќ слушнал исклучително убави зборови од Хуан Мартин дел Потро, неговиот голем ривал и пријател, кој дојде на неговиот проштален меч, а за да му се оддолжи, Аргентинецот сподели приказна за која српскиот ас не сакал да зборува за себе.
Освен што според резултатите можеби е еден од најдобрите тенисери на сите времиња, Ѓоковиќ безброј пати докажа дека е и поголема личност од спортот. Според оние кои го следат и сакаат, српскиот тенисер секогаш покажувал почит и возвраќал на љубовта.
Дека тоа навистина било така потврди и Дел Потро кој по прошталниот меч сподели приказна за која српскиот ас не сакал да зборува.
„Од него нема да чуете, но ако ми дозволи, ќе ви кажам. Има една девојка од Аргентина, која пред многу години отишла да живее во Србија и е негова обожавателка од првиот ден. И тој имаше можност да ја запознае и таа сакаше да дојде овде да се поздрави. Сепак, имала некаков проблем и не можела да дојде, но Ноле успеа повторно да стапи во контакт со неа, повторно да ја исконтактира и да ѝ плати за се, па оттаму таа присуствуваше на мечот. Дојде во Аргентина и уживаше“, изјавил прославениот Делпо.
Нивниот меч во Буенос Аирес беше забавен, но и емотивен, па на крајот од мечот и двајцата тенисери се расплакаа.