Кошта: Геополитичкиот контекст бара нов моментум во работата на ЕУ со Западен Балкан

од Vladimir Zorba
25 прегледи

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, упати писмо со покана до лидерите на ЕУ во врска со одржувањето на состанокот на тоа тело и Самитот ЕУ-Западен Балкан кон крајот на овој месец во Брисел, велејќи дека проширувањето на ЕУ е голема геополитичка инвестиција и дека сегашниот геополитички контекст бара да се даде нов моментум на работата на ЕУ со земјите од регионот.

Состанокот на Европскиот совет, кој ќе се одржи на 19 декември, ќе биде првиот со кој Кошта ќе претседава откако ја презеде функцијата, а ден претходно, на 18 декември, ќе учествува на Самитот ЕУ-Западен Балкан како претседател на Европскиот совет.

Кога станува збор за Самитот ЕУ-Западен Балкан, Кошта прецизираше дека тој ќе започне во 17:30 часот и дека попладневната сесија ќе биде посветена на имплементацијата на Планот за раст и напорите за регионална интеграција, како и можностите за понатамошна интеграција, подобрување на постепената интеграција меѓу ЕУ и регионот, додека за време на работната вечера фокусот треба да биде ставен на заедничките геополитички предизвици.

Слични содржини