Две лица загинаа, а три се водат за исчезнати по експлозија во складиште за гориво во близина на Фиренца, соопштија властите.
Во експлозијата се повредени девет лица, а до сите жители во радиус од 5 километри од местото на несреќата е испратено предупредување. Италијанската енергетска групација „Ени“, која е сопственик на објектот, соопшти дека пожарот избувнал во понеделникот наутро во складиште за гориво во Каленцано, во близина на Фиренца.
„Пожарникарите работат на гаснење на пламените јазици, кои се ограничени на просторот на складиштето за товарење и на никаков начин не ги зафаќаат резервоарите“, додаваат од компанијата. „Влијанијата и причините се истражуваат веднаш. Ќе следат дополнителни ажурирања“.
Претседателот на Тоскана, Еугенио Џани изјави дека пожарот „брзо бил ставен под контрола“.
„Димот значително се зголеми поради температурната разлика помеѓу чадот и атмосферата“, додаде тој.
Според италијанскиот весник La Repubblica, маските биле дистрибуирани поради „лут мирис“.
Весникот пишува дека локалниот градоначалник, Џузепе Каровани, рекол дека несреќата „создала значителен удар, кој ги скршил прозорците на многу куќи“.
„Ситуацијата сега е под контрола“, додаде тој. „Препораката е да не излегувате од дома и да ги чувате прозорците затворени“.