Мицкоски за црната листа: Ќе излезат уште потврди за се она што сме го имале како сомневања

од Nikola Popovski
84 прегледи

Ги имате причини зошто се дел од листата на санкции. Во минатото многу пати зборувавме за сето ова што и официјално, нашите стратешки партнери го посочија. Во периодот кој што следи, ќе излезат уште потврди на сето она што сме го имале како сомневања и јавноста ќе биде запознаена, рече премиерот Христијан Мицкоски за „подновената“ црна листа со санкции на САД и двете нови имиња на неа.

Премиерот на денешната прес-конференција во Владата го повтори својот претходен став дека „правдата е спора, но ќе победи“. За Артан Груби и Енвер Беџети, рече дека направиле сериозно кривично дело.

Слични содржини