Обвинителството отвори предмет против Груби и Беџети

од Nikola Popovski
88 прегледи

Основното јавно обвинителство отвори предистражен предмет за поранешниот вицепремиер Артан Груби и судијата Енвер Беџети. Ваквата информација денеска ја објави државниот обвинител Љупчо Коцевски.

Според Коцевски, уште вчера била оформен предметот и тоа по допрен глас. Во моментов, има обид за обезбедување докази по обвиненијата за поткуп и трговија со влијанија.

Ваквиот развој на настаните следува откако Стејт департментот додаде 14 нови имиња на американската црна листа, меѓу кои и на поранешниот вицепремиер и актуелен член на ДУИ и судијата во Апелацискиот суд.

Стејт департментот јавно ги назначува Груби и Беџети за нивна вмешаност во значителна корупција преку примање мито за поткопување на судските процеси поврзани со кривичната пресуда на Сашо Мијалков, директор на Управата за безбедност и контраразузнавање.

Мијалков беше назначен во 2022 година за значителна корупција. Како дел од оваа акција се назначени и членовите на потесното семејство на Груби.

Стејт департментот презеде акција за ограничување на визите на поединци кои овозможиле, олесниле или на друг начин биле вмешани во значителна корупција и на членовите на нивните потесни семејства.

Американската амбасадорка Анџела Агелер вчера порача дека се очекуваат конкретни активности од институциите во Македонија.

„Овде има процес и мислам дека луѓето од оваа држава сакаат да го видат тој да се реализира. Не знам што ќе биде со рестриктивните мерки, мислам дека беше одлична идеја, но потоа повторно не можеме да ги контролираме законите што се носат. Се надевам дека со новата објава, која предизвика остра реакција во јавноста, ќе видиме раздвижување на правосудниот систем овде во С. Македонија, во овој и во други случаи“, нагласи Агелер.

Таа додаде дека американскиот Стејт департмент нема да сподели детали со властите во врска со Груби и Беџети.

Единственото објаснување на САД беше дека тие двајца се на списокот со санкции поради „земање мито“, а Агелер рече дека доказите лесно се наоѓаат.

„Не би навлегувала во детали, не ги споделуваме тие информации, но, податоците се од тука и достапни до Вашингтон. Ако ние можеме да најдеме докази, можат и македонските институции“, истакна амбасадорката.

Слични содржини