Сериозно сме загрижени поради ставањето на судија на црната листа, велат од Судскиот совет

од Nikola Popovski
29 прегледи

Судскиот совет изразува сериозна загриженост во врска со актуелната објава на Стејт департментот на САД за ставање на судија на “црната листа“. Од институцијата ја нагласуваат својата посветеност за справување со секој облик на корупција во правосудниот систем во согласност со законите и етичките стандарди.

-Во таа насока Судскиот совет веќе превзема мерки согласно со неговите надлежности утврдени во Законот за судовите и Законот за Судскиот совет на Република Северна Македонија, стои во краткото соопштение од Судскиот совет.

Апелациониот судија Енвер Беџети, кој се најде на црната листа на САД, точно пред една година беше актуелен во јавноста, бидејќи тогаш се дозна дека, како судија известител, со месеци го чувал предметот на СЈО за масовното прислушување во УБК, „Таргет-тврдина“ во фиока, по што застаре.

Поранешниот вицепремиер Артан Груби и Беџети јавно се означуваат за нивната вклученост во значителна корупција со прифаќање мито за нарушување на судските процеси поврзани со кривичното осудување на Сашо Мијалков, поранешниот директор на УБК.

Слични содржини