На Анџелина Џоли и Бред Пит им е понудена неверојатна сума за да ги остават настрана разликите и да снимат нов филм. Продуцентот Дени Роснер тврди дека е сериозен за својата понуда и дека собрал околу 60 милиони долари (околу 57 милиони евра). Тој вели дека се надева дека оваа сума ќе биде доволна за поранешната двојка да ги „закопа секирите“.
Роснер го откри и заплетот на филмот во кој сака да глумат Анџелина и Бред. Станува збор за вистинска љубовна приказна од Втората светска војна сместена во хотелот Мартинез во Кан, Франција. Бред ќе го игра Емануел Мартинез, сопственик на хотелот, а Анџелина неговата љубовница и муза Ема Дигард. „Има љубовна сцена… И навистина е бурно. Мартинез имаше жена, но и љубовница“, изјавил продуцентот.
Тој, исто така, откри дека нивната заработка нема да биде рамномерно распределена. Имено, според неговите зборови, Бред би заработил околу 37 милиони долари, а Анџелина околу 22 милиони. „Се надевам дека ќе можеме да го прекинеме огнот меѓу нив двајца и да го снимиме овој филм“, заклучил Роснер.
Потсетуваме дека славните актери се заљубиле во 2005 година на снимањето на „Г-дин и госпоѓа Смит“. Тие играа монотони сопружници кои се непријатно изненадени кога ќе дознаат дека и двајцата се платени убијци и дека тие самите се новите мети.