Ахмети не ја оспорува одлуката на САД: Груби сам ќе се повлече од ДУИ ако се докаже вина

од Nikola Popovski
62 прегледи

Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети денеска изјави дека не ја оспорува одлуката на американскиот Стејт департмент и дека поранешниот вицепремиер Артан Груби ќе поднесе оставка од партиските функции доколку биде прогласен за виновен и се докаже вина.

„Не ја оспоруваме одлуката на Стејт департментот. Груби има право на жалба, ќе го почитува процесот според фактите бидејќи тоа право е признаено во одлуката на Стејт департментот и тоа секако нема да му наштети на неговото семејство ДУИ, се додека овој процес нема конечен епилог“, кажа Ахмети одговарајќи на новинарско прашање за ставањето на Груби на американската „црна листа“.

Лидерот на ДУИ рече дека „Груби има право да се жали и дека сам ќе ги напушти партиските функции“.

„Мислам дека Груби е одговорен и совесен, нема потреба да го отстраниме од партијата, секако дека сам ќе се повлече“, кажа Ахмети.

Поранешниот вицепремиер е ставен на американската „црна листа“ заедно со судијата Енвер Беџети поради случајот поврзан со поранешниот директор на УБК, Саше Мијалков кој исто така беше ставен на „црната листа“ пред две години.

Според ВМРО-ДПМНЕ, ова јасно открива зошто се прави, како што велат, драма пред Уставниот суд и зошто постојано повикуваат судовите и обвинителствата да си ја работат работата за којашто се платени.

Откако и апелациски судија се најде на црната листа, од Судскиот совет велат, преземаат мерки согласно неговите надлежности утврдени со Законот за судовите и Законот за Судскиот совет.

Од Судскиот совет загрижени по ставањето на судијата Беџети на црната листа. Оттаму велат дека се посветени за справување со секој облик на корупција во правосудниот систем.

Слични содржини