Мицевски: ДУИ веднаш го суспендира Мерко, а за Груби кажуваат небулози дека ќе докажувал невиност

од Nikola Popovski
245 прегледи

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски оценува дека „индивидуалната порака и казна“ од Стејт департментот упатена до екс-вицепремиерот Артан Груби се однесува на „целото раководство на ДУИ“, а најмногу на „визионерот Али Ахмети“.

-Не може сега да релативизирате и минимизирате кога истата ваква казна беше дадена на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко. Истиот ден се организиравте и го суспендиравте од сите политички функции, за да сега кажувате небулози дека Груби имал право на жалби и ќе ја докажува невиноста. На кого ќе докажувате невиност? Стејт департментот излезе со докази за политичкото влијание во судството и тие нема да бидат толерирани. Мислите дека сам отишол Груби во судството или тој кој што му е надреден не му кажал да го направи тоа? Колективен ви е срамот и поразот кој што го доживувате, рече Мицевски во емисијата „Само вистина“, обраќајки му се на пратеникот Блерим Беџети од ДУИ.

Поранешниот прв вицепремиер доцна синоќа објави дека се повлекува од јавниот живот, соопштувајќи ја својата одлука како личен чекор за зачувување на интегритетот и за доброто на семејството. Како што објаснува Груби, долгогодишните напади и неправедни толкувања го навеле да размисли за својата улога во овој важен момент за земјата, нагласувајќи дека останува „чист како солза“ пред Бога, семејството и пријателите.

Како што напиша на Фејсбук, со ваквата постапка сакал да избегне да стане политички товар и да го зачува континуитетот на работата на лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Слични содржини