Мицкоски: Решен откупот на ориз – 6.000 денари за 1.000 килограми

од Nikola Popovski
18 прегледи

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека по интензивните средби кои ги имал заедно со министерот за земјоделство, водостопанство и шумарство, Цветан Трипуновски, се најде решение за откупот на оризопроизводителите.

Според претседателот на Владата, донесена е одлука дополнително да се поддржи откупот со по 6.000 денари за 1.000 килограми откупена оризова арпа наменета за извоз. Плус на ова оризопроизводителите ќе добијат субвенции од 18 илјади денари од хектар за тековната 2024 година.

-Ова е конкретна и многу добредојдена поддршка за земјоделците. На овој начин ги решаваме проблемите и се бориме за подобар стандард на сите, објави Мицкоски на социјалните мрежи.

На крајот на септември годинава, оризопроизводителите во поголем дел на нивите не очекуваа ниту поголеми приноси, ниту пак добар квалитет. Се пожалија дека на почетокот на жетвата не се врши откуп, а ниту пак има и формирано производна цена.

Слични содржини