Манчестер Сити доживеа пораз од Јувентус во шестото коло од Лигата на шампионите. Ова ја истакнува големата криза на четирикратниот последователен шампион на Англија, бидејќи на последните 10 натпревари имаат само еден триумф, што е несекојдневен настан за гигантот од Премиер лигата.
Најголема заслуга за успехот на Сити овие години има менаџерот Пеп Гвардиола, кој за само шест години поминати во Премиер лигата стана легенда на тоа натпреварување. Шпанскиот стручњак изјави дека е горд на играчите и покрај поразот во Шамони лигата, пренесуваат британските медиуми.
„Иднината му припаѓа на овој Јувентус. Одигравме добар натпревар. Горд сум на моите играчи. Дадоа се од себе, тешко е да се игра во Европа. Ние сме најдобри, го сакам мојот тим и начинот на кој играме. Резултатите не можат да ме убедат во спротивното“, изјави Гвардиола.
Сити не се снајде најдобро во новиот формат на Лигата на шампионите. По шест одиграни натпревари имаат само осум бодови, и се на 22. место на табелата. Тоа е позиција која ги води во нокаут фазата, но ќе мора да се борат до последниот свиреж на судијата во групната фаза, што не беше случај во претходните сезони.
Во седмото коло, на 22 јануари следната година, ќе го пречекаат Пари Сен Жермен, додека седум дена подоцна на домашен терен ќе го одиграат последниот дуел против Клуб Бриж.