На излегување од Белата куќа: Бајден помилува 39 луѓе и ублажи 1.500 казни

од Vladimir Zorba
38 прегледи

Американскиот претседател во заминување Џозеф Бајден денеска објави дека помилувал 39 лица и ублажил речиси 1.500 казни.

Во изјавата, Бајден изјави дека помилувал 39 лица „кои докажале дека се успешно рехабилитирани“ и дека им ја ублажил казната на речиси 1.500 луѓе кои издржувале долги затворски казни.

Белата куќа соопшти дека ова е најголем број чинови на милосрдие во еден ден и дека лицата чии пресуди биле укинати одлежале најмалку една година домашен притвор.

Бајден рече дека САД се „изградени на можности и втори шанси“ и додаде дека како претседател е „огромна привилегија“ за него да покаже милост кон луѓето кои покажале каење и биле рехабилитирани.

На почетокот на декември, Бајден го помилува својот син Хантер, кој чекаше пресуда по обвиненијата за нелегално поседување оружје и затајување данок.

Бајден рече дека ќе продолжи да ги разгледува барањата за помилување. Тој е под притисок од различни групи да помилува голем број луѓе, вклучително и оние кои чекаат егзекуција во федералните затвори, пред да му истече мандатот на 20 јануари.

Слични содржини