Нејмар сака да игра на Светското во 2026 година

од Vladimir Zorba
7 прегледи

Бразилската ѕвезда Нејмар откри дека сака да игра за бразилската репрезентација на четврто по ред Светско првенство во 2026 година.

„Очигледно е дека Светското првенство е цел за сите играчи. Веќе трипати играв на овој собир, очигледно сакам да играм и по четврти пат. Морам да се фокусирам на тоа и да се стремам да се вклопам што е можно побрзо и со мојот тим“, вели поранешниот играч на Барселона и Пари Сен Жермен, кој моментално игра за Ал-Хилал во Саудиска Арабија.

Нејмар за Бразил има 128 настапи и 79 голови. Сепак, неговиот последен натпревар за Селесао е од октомври 2023 година.

Во Катар 2022 година, Нејмар го отвори резултатот во четврт-финалето против Хрватска, но Бруно Петковиќ постигна гол, а јужноамериканската екипа испадна по пенали.

Во 2014 година, на домашното Светско првенство, Нејмар се повреди и не можеше да и помогне на репрезентацијата во поразот од Германија со 1:7 во полуфиналето, ниту во средбата за третото место, каде беа поразени од Холандија со 0:3.

Слични содржини