Сити на Гвардиола никогаш не изгледал полошо: Примиле најмногу голови во Топ 5 лигите, а тој не спие поради тоа!

од Vladimir Zorba
20 прегледи

Манчестер Сити се уште не успева да се врати од нокдаунот. Поразот во Торино против Јувентус го натера англискиот шампион да се бори за последните две кола од Лигата на шампионите на УЕФА каде ќе му бидат потребни четири бода (имаат осум) за безбедно да останат во нокаут-фазата.

И покрај тоа што менаџерот Пеп Гвардиола зборуваше суперлативно за тимот и за довербата на играчите по новиот пораз, поранешниот ас на Јунајтед и актуелен ТВ аналитичар Рио Фердинанд не гледа дека шампионот во Премиер лигата брзо ќе излезе од најголемата криза откако Шпанецот е на клупата (2016).

„Мислам дека сепак ќе бидеме изненадени од резултатите на Сити, без оглед на сето она што го направија во минатото. Тие беа одличен тим, освоија четири последователни Премиерлиги, имаат историја на успеси. Но, не сме го виделе Сити на Пеп Гвардиола волку лош. Пеп мора да најде начин да го зајакне тимот, да им ја врати самодовербата и да го врати во форма“.

Од почетокот на ноември до денес, Сити на 10 натпревари забележа една победа, две нерешени и седум порази! Прими 21 гол, најмногу од сите клубови во Топ 5 лигите на Европа!!! Германски Хајдехајм прими 19, Лајпциг 18, ​​Хофенхајм 17, Астон Вила 15…

„Би-Би-Си“ ги пренесе овие факти, кои се повеќе од загрижувачки за Сити:

– Од ноември имаат примено 21 гол, најмногу од сите клубови од Топ 5 лигата
– Примија најмалку по два гола на последните седум гостувања
– Примија девет гола на последните три натпревари од Лигата на шампионите, а ниту еден на првите три средби.
– За прв пат во кариерата на Пеп, неговиот тим не заврши без примен гол во осум последователни натпревари на гости.
– Ерлинг Халанд пропушти 67 проценти од големите шанси во кои се најде

„Ние сме во многу лош период и сето тоа негативно влијае на мене. Не можам да спијам навечер, тоа влијае на мојата кожа, имам проблеми и со јадењето и морам да пијам лекови. Но знам дека сето тоа ќе помине. Така е и кога има добри резултати, бидејќи знаете дека ќе поминат, само треба да продолжите да работите и да се трудите“, рече Гвардиола.

Сити на 21 јануари гостува кај Пари Сен Жермен, а на 29 јануари ќе го пречека Бриж и ќе се најде под притисок во најсилното европско натпреварување.

До продолжението на ЛШ, тимот на Гвардиола во Премиер лигата има тежок распоред. В недела го очекува дуел со Јунајтед, а потоа следуваат натпреварите со Астон Вила, Евертон, Лестер, Вест Хем, Салфорд (ФА Куп), Брентфорд и Ипсвич.

Слични содржини