Има многу дискусии за состојбата на европската автомобилска индустрија како една од клучните гранки на која почива благосостојбата на целиот континент.
Позицијата на европската автомобилска индустрија е загрозена, пред сè од неуспесите и падот на продажбата на кинескиот пазар (главно од германските производители), слабото прифаќање на електрични автомобили во кои се инвестираше многу, високите цени на изворите на енергија, а исто така и недостатокот на конкурентност со цените на работната сила (ова се однесува првенствено за Германија каде платите се високи).
Колку е важна автомобилската индустрија за Европа? Европската асоцијација на производители на автомобили истакнува неколку важни бројки:
– 13,2 милиони Европејци работат во автомобилскиот сектор
– Ова е 10,3% од сите работни места во производството во ЕУ
– Автомобилскиот сектор генерира 383,7 милијарди евра даночни приходи за европските влади
– Постигнува трговски суфицит на Европската унија од 106,7 милијарди евра
– Повеќе од 7,5% од БДП на ЕУ е генериран од автомобилската индустрија
– Автомобилскиот сектор издвојува 72,8 милијарди евра годишно за истражување и развој, 33% од вкупниот износ на ЕУ
Јасно е дека сериозна криза во европската автомобилска индустрија сериозно би се одразила на економијата на ЕУ.