Петрушевски: Артан Груби и СДСМ го приватизираа судството

од Илинка Илиоска
33 прегледи

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, во изјава за медиумите упати обвинувања кон првиот  Артан Груби и СДСМ, тврдејќи дека вршеле силни притисоци врз судството и дека одлуките се носеле по нивен диктат.

„Артан Груби со години бил алфа и омега во судството. Судиите, наместо по закон, суделе по налог на Груби,“ истакна Петрушевски, додавајќи дека тоа е главната причина за ниската доверба на граѓаните во судството, која според него изнесува само 2%.

Петрушевски посочи дека вмешаноста на Груби во судски одлуки ја доведува во прашање правдата во голем број случаи.

„Во ситуација кога знаеме дека Груби обликувал судски одлуки, логично се поставува прашањето: колку предмети се завршени под негов диктат? Во колку предмети правдата не излегла или никогаш нема да излезе на виделина, затоа што Артан Груби земал мито?“ праша тој.

Според него, ДУИ и СДСМ го „приватизирале судството“ и со тоа директно влијаеле на извршувањето на правдата.

„Паниката кај ДУИ и СДС е затоа што не можат веќе да влијаат на цели одлуки и обвиненија. Ќе мора да одговараат за сите криминали кои ги правеле,“ рече Петрушевски.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека правдата мора да биде над сите политички влијанија и повикаа на целосна истрага за влијанието врз судството во изминатите години.

Слични содржини