Менаџерот на Саутемптон: Јунајтед дава 21 милион фунти за Диблинг? За таа сума може да му ја купат левата нога

од Vladimir Zorba
40 прегледи

Менаџерот на Саутемптон, Расел Мартин, ги коментираше информациите дека Манчестер Јунајтед е заинтересиран за потписот на Тајлер Диблинг. Медиумите во Англија тврдат дека „црвените ѓаволи“ се подготвени да платат 21 мил. фунти за 18-годишниот офанзивец.

-Слушнав гласини дека Манчестер Јунајтед е подготвен да испрати понуда вредна 21 милион фунти за Тајлер Диблинг. Не сум сигурен дали можат да ја купат неговата лева нога за таа цена, објави Мартин.

Саутемптон е во преговори со Диблинг за нов договор. Сегашниот истекува во летото 2027 година.

-Му понудивме нов договор. Тоа е многу добро, но неговиот агент засега не го прифаќа, додаде менаџерот на „светците“, цитиран од Фабрицио Романо.

Слични содржини