Флик: Ќе морам да научам да ги контролирам емоциите

од Vladimir Zorba
44 прегледи

Тренерот на Барселона, Ханси Флик ја даде својата традиционална прес-конференција пред натпреварот на Каталонците против Леганес. Германецот нема да биде на клупата бидејќи е суспендиран на два натпревари.

„Се зависи од нас, сакам тимот да излезе 100% фокусиран и да го почитува противникот, без разлика на позицијата во поредокот. Можно е да има ротации. Нормално е после сите овие повреди дека ќе треба време за да го достигнеме максималното ниво. Андреас Кристенсен и Роналд Араухо тренираа. Роналд беше во план да игра неколку минути“, откри Флик.

„Закрепнувањето на Фати оди добро и против Дортмунд покажавме дека лекарскиот тим одлично си ја врши работата“, изјави тој.

„Она што е важно за повредените е да се опорават совршено. Се надевам дека Френки де Јонг ќе влезе во ритам. Истото важи и за Гави и Араухо. Ние се грижиме за играчите и ги штитиме. Се надеваме дека ќе им помогнеме да почнат да даваат дури повеќе од себе“, додаде тренерот на Барса.

„Денес е роденден на Рафиња и го видов многу свеж на тренинзите. Се уште не сум донел одлука дали треба да мирува, ќе одлучиме утре“.

„Што се однесува до мојата казна, мислам дека мојата реакција не беше толку претерана, но ниту јас не постапив како што треба. Секогаш му велам на тимот дека не треба да ги трошиме нервите на работи кои не можеме да ги промениме. Кога судијата донесува одлука, не можеме да ја промениме и мораме да ја прифатиме. Сите сме луѓе и грешиме. Ќе морам да научам да ги контролирам емоциите. Многу сум задоволен од играчите. Не истрчаа кај судијата да се жалат. Тоа е она што го сакам. Однесувањето на тимот е одлично и мислам дека тоа е многу позитивна работа ако треба да се споредиме со претходните неколку години“, додаде Германецот.

Слични содржини