Карлеуша ќе се кандидра за претседател на Србија, иако сака Вучиќ да биде доживотен претседател

од Vladimir Zorba
64 прегледи

Српската пејачка Јелена Карлеуша на Инстаграм откри дека планира да се кандидира за претседател на Србија.

Имено, фолкерката изјави дека ова планира да го направи по завршувањето на мандатот на Вучиќ, а додаде дека смета дека тој треба да биде доживотен претседател.

„И јас ќе победам“, изјавила Карлеуша со објавата.

Оваа порака на Карлеуша уследи по уште еден излив на навреди кон Северина, која објави нова песна посветена на студентите во Србија кои протестираат за трагедијата во Нови Сад, по што се блокираа речиси 50 факултети низ државата.

Да потсетиме, Карлеуша во последно време е најгласниот бот на Вучиќ, а за да го „одбрани“ актуелниот претседател на Србија од секакви критики, не се воздржуваше да ги навреди колегите, другите политичари или некој кој искажува негативен став кон Вучиќ.

Токму Северина беше најчесто мета на нејзини критики и навреди, а по изјавите на хрватската пејачка, фолкерката побара доживотна забрана за влез во Србија.

Покрај музичката кариера, Карлеуша е позната и по тоа што ги искажува своите ставови за теми од различни сфери, без разлика колку е компетентна да зборува за нив. Интересно е што претходно пејачката беше најголемиот критичар на Вучиќ.

Од пораките „срам да ти е“ до „Вучиќ да биде доживотен претседател“ стигнаа за неколку години, а српскиот политичар Ѓорѓе Станковиќ тврди дека таа добива огромни суми пари за да го поддржува Вучиќ.

Слични содржини