Над 1030 производи со пониски цени: Дурмиши очекува поголема заштеда кај домаќинствата

од Nikola Popovski
35 прегледи

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши денеска информираше дека бројката на производи кои се опфатени со мерката „новогодишна кошничкка“ се зголемил на 1032. Само за потсетување, од вчера стартуваше мерката, при што граѓаните ќе можат да набават поевтини производи за 10%.

Дурмиши на прес-конференција истакна дека трговците сами понудиле одредени производи кои треба да се намалат за 10% или повеќе. Тој очекува граѓаните да заштедат повеќе пари во однос на претходната мерка „есенска кошничка“. Сепак, истакна дека за конкретни бројки, ќе се видат податоците од ДЗС, но и од Синдикатите какви ќе бидат резултатите.

Владината мерка за ограничување на маржите до 10 отсто, преточена во т.н. есенска потрошувачка кошница даде резултати, а пресметките во Министерството за економија и труд покажале дека едно семејство заштедилo до 1.360 денари минатиот месец, во зависност од тоа како се хранеле и каде купувале.

Слични содржини