Леверкузен го продолжи договорот со Вирц

од Vladimir Zorba
5 прегледи

Флоријан Вирц го продолжи договорот со Баер Леверкузен за уште најмалку една сезона, објави во понеделникот магазинот „Кикер“.

Актуелниот договор на германскиот интернационалец со „аспирините“ е до летото 2027 година. За 21-годишниот Вирц се заинтересирани Баерн Минхен и Реал Мадрид.

Германскиот репрезентативец му се приклучи на Леверкузен од локалниот ривал Келн во јануари 2020 година. Новиот договор ќе му овозможи на германскиот шампион да бара посериозна трансфер сума за правата на својот играч.

Флоријан Вирц е во голема мера одговорен за титулата и купот на Баер Леверкузен минатата сезона. Играчот од средниот ред за „аспирините“ одигра 123 натпревари и постигна 31 гол.

Баер се уште не ја потврдил веста за новиот договор на својот играч. Вирц го пропушти Светското првенство во 2022 година поради скинати вкрстени лигаменти на коленото. Офанзивниот играч за врска има 6 гола на 29 натпревари за бундеслигашот.

Слични содржини