Кривична за Ковачевски за случајот со Државна лотарија

од Nikola Popovski
268 прегледи

Поднесена е кривична пријава против осум лица, меѓу кои и поранешниот премиер Димитар Ковачевски, поранешниот вицепремиер Артан Груби и екс-директорот на Лотарија, Прпарим Бајрами. Според МВР, постојат сомневања дека истите сториле повеќе кривични дела и со тоа го оштетиле Буџетот на државата преку сторен криминал во Државната лотарија.

Кривичната за екс-премиерот Димитар Ковачевски засега е поднесена само од МВР. Допрва треба да се огласат од Јавното обвинителство.

При претресите кај еден од осомничените се пронајдени парични средства од околу 40 илјади евра, а кај друг околу 20 илјади евра. Две од лицата не се достапни на органите на прогонот, односно Груби и Бајрами.

Како што денеска информира министерот Панче Тошковски, секој кој што сторил криминал ќе одговара, без разлика дали бил премиер или не и доколку се најдат докази.

Тој додаде дека во моментов е оскуден со информации околу вмешаноста на екс-премиерот, но набрзо ќе биде објавено и подетално во јавноста.

Слични содржини