Мудрик со први зборови по допинг скандалот

од Vladimir Zorba
24 прегледи

Играчот од средниот ред на Челси, Михајло Мудрик, изјави дека никогаш свесно не земал забранета супстанца и дека суспензијата на неговите права за игра од страна на Фудбалската асоцијација беше шок за него.

Претходно денеска украинските медиуми објавија дека на крајот на октомври станало јасно дека Мудрик бил позитивен, а во наредните денови се очекува отворање на неговиот „Б“ тест. Набргу потоа Фудбалскиот сојуз ја потврди информацијата и привремено ги суспендира правата на Украинецот.

„Можам да потврдам дека сум информиран за позитивниот тест од ФА. Оваа вест беше целосен шок за мене бидејќи никогаш свесно не сум земал забранета супстанција или сум прекршил какви било правила. Работам со тимот за да дознаам како се случи ова. Знам дека не направив ништо лошо и останувам оптимист дека наскоро ќе се вратам на терените“, изјави Мудрик на социјалните мрежи.

„Во моментов не можам да дадам повеќе детали бидејќи истрагата продолжува, но кога ќе можам – ќе го направам тоа“, додаде играчот од средниот ред.

Челси го ангажираше Михаило Мудрик од Шахтјор Доњецк во јануари минатата година, за него плати 70 милиони евра. Тој оваа сезона забележа 15 настапи за „сините“ во сите натпреварувања со три гола и пет асистенции.

Слични содржини