Шпанскиот фудбалски репрезентативец, Ламин Јамал ја доби наградата за Најдобар млад играч на светот, но не сака да застане тука, има амбиции многу брзо да ја добие наградата за фудбалер на годината.
Првотимецот на Барселона истакна дека му се допаѓа улогата во која се наоѓа моментално и дека се што се случува околу него му помага секој ден се повеќе да напредува.
„Да се биде признат како најдобар млад играч во светот е нешто за што сонува секое момче кога ќе почне да игра фудбал. Тоа е почеток кој треба да навестува нешто големо во неговата понатамошна кариера, и мислам дека можам да го направам токму тоа. Мојата следна цел е да ја освоиме Лигата на шампионите со Барселона и потоа да ја освоиме „Златната топка“ за најдобар играч на светот“, изјави 17-годишниот Јамал и додаде:
„Фудбалот е колективен спорт и не постои индивидуално признание кое може да го добиете без помошта на соиграчите. Затоа велам дека главната цел е да се освојуваат трофеи, не само со Барселона, туку и со шпанската репрезентација, а кога ќе го постигнам тоа, тогаш доаѓаат и индивидуалните награди“
За младиот фудбалер на Барселона натпреварувачката 2024 година заврши откако се повреди во поразот на Каталонците од Леганес и пред него има најмалку три недели одмор.