Минута молчење за Јанис Тима на сите натпревари во Евролигата и Еврокупот

од Vladimir Zorba
42 прегледи

Раководството на Евролигата денеска соопшти дека пред претстојните натпревари од 16. коло во Евролигата и 12. коло во Еврокупот, ќе се одржи едноминутно молчење за летонскиот кошаркар Јанис Тима, кој денеска беше пронајден мртов во Москва. Тамошните медиуми објавија дека се работи за самоубиство.

„Евролигата жали за летонскиот кошаркар Јанис Тима, кој почина во вторникот. Во спомен на Тима ќе се одржи едноминутно молчење пред натпреварите од 16. коло во Евролигата и 12. коло во Еврокупот“, соопштија од Евролигата.

Тима професионалната кариера ја започна во 2008 година во Рига, а потоа играше за Лиепајас, Вентспилс, Зенит, Химки, Басконија, Олимпијакос, Дарушафака, Умакао Гризес од Порторико, Обрадорио и Лејкленд Меџик, кој е развојен тим во НБА.

Слични содржини