Шефот на Реал Мадрид ја спореди УЕФА со музичарите на Титаник

од Vladimir Zorba
8 прегледи

Извршниот директор на Реал Мадрид, Хозе Анхел Санчез, ја нападна УЕФА, оживувајќи ги дискусиите за Суперлигата. Тој нагласи дека зборува во име на претседателот Флорентино Перез и целото раководство на клубот. Според „кралевите“ императив е отцепувањето на големите клубови од покривот на УЕФА.

Санчез го споредува создавањето на новиот формат на Лигата на шампионите со очајнички обид да се спаси брод што тоне. Во тој поглед, тој ја спореди УЕФА со музичарите на „Титаник“, кои продолжуваат да свират и покрај неизбежниот колапс.

„Ако сакаме да го задржиме фудбалското лидерство во спортската и забавната индустрија, треба да го промениме системот“, рече директорот.

„Сегашните раководни тела се како музичарите на Титаник од филмот кои продолжија да свират додека бродот тонеше. Системот каков што го знаеме сега е завршен – треба да ги организираме работите поинаку во индустријата“, порача тој.

„Ова беше главната идеја зад Суперлигата и Мадрид ќе продолжи цврсто да работи на реализација на идејата“, изјави директорот на Реал Мадрид.

Десет од вкупно 12 клубови кои пред 3 години најавија создавање на новиот проект се откажаа од него. Останаа само Реал и Барселона. Не е јасно каква би била сега позицијата на другите гиганти доколку проектот заживее.

Слични содржини