Вучиќ бара од граѓаните да ѝ се придружат на војската на Србија: „Платите сега се повисоки“

од Nikola Popovski
37 прегледи

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ ги повикал граѓаните да ѝ се приклучат на војската на Србија, посочувајќи дека сега платите во армијата се особено високи и им се извинил и се заблагодарил на полицијата што ги трпи, како што вели, притисоците и нападите низ државата.

Во своето обраќање на владината седница, Вучиќ рекол дека регрутирањето војници треба да продолжи, бидејќи со Министерството за финансии се обезбедени многу средства за да се мотивираат со повисоки примања да се приклучат на тенковските единици, извидничките единици и се друго што е потребно.

Тој истакнал дека има проблем бидејќи младите лица се откажуваат со оглед дека не би смееле да ги користат мобилните телефони во периодот од 21:00 до 07:00 часот, доколку се приклучат на српската војска.

„Едноставно живееме во такви времиња во кои сите сме разгалени, каде никој не е навикнат на напорна работа“, изјавил Вучиќ.

Шефот на српската држава особено им се заблагодарил на припадниците на Безбедносно-информативната агенција (БИА), но и на припадниците на полицијата кои, како што истакнува, секојдневно трпат терор на секое место низ Србија.

„Им благодарам за трпението, професионалноста и сакам да им порачам големо извинување во името на сите нас, што мора да трпите разни гадости и напади, од вадење на штитници, крадење опрема, најлоши можни навреди, физички напади. и се друго“, рекол Вучиќ и побарал од нив да продолжат да се однесуваат професионално, сериозно и одговорно.

Слични содржини