Портпаролот на американскиот Стејт департмент, Метју Милер денеска изјави дека САД не биле запознаени со планот за убиство на рускиот генерал Игор Кирилов, началник на воената единица за радиолошка, хемиска и биолошка заштита на руските вооружени сили.
„САД не беа свесни за планот за атентат, ниту беа вклучени“, рече Милер.
Зборувајќи на маргините на самитот на Здружените експедициски сили (ЏЕФ) во Талин, Естонија, шведскиот премиер Улф Кристерсон изјави за АП дека не ги знае деталите за нападот, но дека би било „разбирливо за Украинците да направат се во нивната моќ да возвратат“.
Рускиот весник Комерсант денеска објави дека се уапсени две лица осомничени за убиство.
Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) денеска соопшти дека еден од уапсените е државјанин на Узбекистан.
Кирилов и неговиот помошник загинаа во вторникот, пред зградата, кога експлодираше електричен скутер наполнет со килограм ТНТ.