Барса во огромни проблеми: Доцнат работите со стадионот, не се знае кога ќе се вратат на „Камп Ноу“?

од Vladimir Zorba
43 прегледи

Барселона оваа сезона се пресели во „Монжуик“ и започна со реконструкција на „Камп Ноу“ вредна речиси една и пол милијарда евра. Новиот стадион, полно име „Spotify Camp Nou“, ќе собира 105.000 луѓе и ќе биде еден од најмодерните во светот.

Сепак, ситуацијата со изведувањето на работите стана посложена. Како што пишува „Marca“, огромната реконструкција доцни и се поизвесно е дека Барселона оваа сезона нема да игра на својот стадион. Кога почнаа работите, планот беше Барселона да го отвори новиот стадион оваа сабота со натпревар против Атлетико Мадрид.

Тој рок брзо беше поместен за март, но ниту тој рок нема да биде возможен. „Marca“ пишува дека освен што работите не се одвиваат според планот, остануваат уште низа технички проблеми и работи кои дотогаш нема да се решат.

Покрај тоа, Барселона не би можела да игра натпревари од Лигата на шампионите на „Камп Ноу“ дури и да биде изграден. Имено, според правилата на УЕФА, клуб не смее да игра натпревари во иста сезона на два различни стадиони, освен во случај на „виша сила“. Дури и да се изгради стадионот до март, проблемот ќе беше тревникот.

Може да почне да се поставува кон крајот на јануари или почетокот на февруари, но на целосно новата трева и требаат неколку месеци за да „легне“ и да може да го издржи темпото на натпреварите. Така евентуално враќање оваа сезона би било практично невозможно, а се поизвесно е дека Барселона на новиот стадион ќе игра дури следната сезона.

Слични содржини