Главчев разговарал со Мицкоски и побарал да се намали „говорот на омраза“

од Nikola Popovski
108 прегледи

Техничкиот премиер на Бугарија, Димитар Главчев информира дека во текот на вчерашниот ден имал разговор со неговиот македонски колега Христијан Мицкоски, во рамките на самитот ЕУ-Западен Балкан. Главчев од Брисел пред бугарските новинари изјавил:

-Дискутираме на секој еден таков форум на кој ќе се сретнеме и му реков: „Ајде малку да ја намалиме острината на говорот и тоа кај вас… Јазикот на омразата не треба да биде применлив и прво да почнеме со него“. Нема промена во нашиот став. Но, сепак, да почнеме со добрите европски манири и добриот тон што би требало да се примени меѓу земја-членка и земја-кандидат, рекол техничкиот бугарски премиер.

Главчев вчера исто така порача дека компромисот со Македонија, веќе бил направен во 2022 година.

-Овој компромис е потпишан од сите земји членки, вклучително и Република Северна Македонија и нас. Не е нормално земја-кандидат да им наметнува услови на другите, кои се веќе земји членки, прокоментира Главчев. Напротив, според него, треба да се исполнат критериумите за членство во заедницата.

Македонија се обврза да ги вклучи Бугарите како државотворна нација во преамбулата на Уставот. Се додека не се случи тоа, Бугарија нема да го крене ветото, а ние нема да ја започнеме Втората меѓувладина конференција со ЕУ.

Слични содржини