Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денеска дека никогаш нема да бега од Србија, бидејќи се борел за неа и ја подигнал државата и дека никогаш нема да престане да се бори против оние кои ги злоупотребуваат децата за политички цели.
„Додека сум жив ќе живеам во Србија. Немам сметки во странство. Немам недвижен имот во странство. Немам ништо, никаде, надвор од Србија. Србија е мојот живот. Се борев за Србија и ја претставував на најдобар начин и ја подигнав до таа граница што нема да можат ниту да ги обојат линиите на патиштата бело-жолто поради сето она што им го направи Вучиќ, ако некој од нив некогаш дојде на власт, во што многу се сомневам“, рече Вучиќ во Брисел, каде што учествува на самитот ЕНП/Западен Балкан.
На прашањето дека претседателот на Демократската партија, Срѓан Миливојевиќ, рекол дека Вучиќ ќе избега од земјата како сирискиот претседател Асад само во некоја заливска држава, Вучиќ одговори дека во историјата на секоја земја има моменти кога поради на разни настани, најлошото излегува на површина.
„Да бегам затоа што ја подигнав Србија, затоа што за разлика од нив ништо не сум украл, затоа што не тепам жени како нив. Да бегам од нив, многу храбри и многу силни и многу паметни, кои ја уништија оваа земја. Никогаш нема да бегам од никого Србија е најразвиена и најсилна во својата историја“, рече Вучиќ.