Искрена исповед на Анџелина Џоли: „Се чувствувам осамено“

од Vladimir Zorba
253 прегледи

Анџелина Џоли во своето последно медиумско појавување откри дека се чувствува осамено, но и дека во моментов има неизвесност додека се подготвува за следната фаза од нејзината долгогодишна правна битка со поранешниот сопруг Бред Пит.

Холивудската ѕвезда, која поднесе барање за развод пред осум години, обвинувајќи го Пит за злоупотреба, се осврна на осаменоста и емотивните предизвици со кои се соочила во последните години. Таа за сето тоа проговори минатиот викенд во Лондон, давајќи интервју за британски The Sun.

Новинарите на медиумот се сретнаа со 49-годишната Анџелина Џоли во хотел во Лондон, каде актерката ја откри трогателната врска што ја чувствува со оперската дива Марија Калас, која ја отелотвори во долгоочекуваниот биографски филм „Maria“.

„Ги имам децата кои ги сакам, но како личност често сум сама и се чувствувам осамено. Се поистоветувам со самотијата и осаменоста исто како и таа“, вели Џоли.

Како што рече, и покрај тоа што нејзините деца и носат неизмерна радост, таа самата се бори со реалноста дека поголемиот дел од времето го поминува сама.

„Сè уште не сфатив, ниту научив како да го живеам животот кога сум сама. Можеби многу уметници се чувствуваат како да сме на отворен простор како луѓе. Не сме се „сместиле“ целосно, па понекогаш оставаме чуден впечаток“, додаде таа.

Слични содржини