ВМРО-ДПМНЕ тврди дека екс-вицепремиерот Артан Груби со години ја крадел државата, а за тоа знаеле и СДСМ и ДУИ и, како што велат, МВР под водство на поранешниот министер, Оливер Спасовски. Според партијата на власт, сите знаеле и молчеле за матните зделки, тендерите во четири очи, влијанието врз судството, криминалот и корупцијат.
Најголемата владеачка партија додава во своето соопштение дека „Димитар Ковачевски му бил соучесник во криминалот на Груби“.
-СДС се виновни за грабежот на Груби поради тоа што знаеле и имале можност, но не го спречиле од лукративни причини, велат од партијата на Христијан Мицкоски.
Кривичната пријава што ја поднесе МВР за експремиерот Димитар Ковачевски и за поранешниот генерален секретар на Владата, Методија Димовски, не е отфрлена, а Обвинителството ги проеврува наводите.
Министерството за правда сѐ уште нема испратено барање за екстрадиција на Груби и Перпарим Бајрами, со оглед на тоа дека немаат допис од Министерството за внатрешни работи дека двајцата се лоцирани или уапсени во одредена држава. Дури откако ќе добијат допис од МВР, Министерството за правда може да бара екстрадиција за двајцата.
Во МВР велат дека се во постојан контакт и соработка со косовската полиција. За „стоп листата“ појаснуваат:
„Во однос на значењето на т.н. „стоп листа“, истата сигнализира дека одреденото лице не смее ја премине државната граница. МВР, согласно закон, има право да става лица на т.н. „стоп листа“ и без наредба од ОЈО. Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство имаат законски овластувања во текот на претходната постапка да ги обезбедат лицата и доказите, без притоа да ги нарушат правата на лицата за кои постои сомнение дека сториле кривично дело“.
Oд ДСМ обвинија дека полицаецот кој го пропуштил Груби на гп „Блаце“ е избор на Панче Тошковски, бидејќи на преминот работел откако Тошковски е министер за внатрешни работи.