47
Реал Мадрид е се поуверен дека летово ќе може да потпише договор со десниот бек на Ливерпул, Трент Александер-Арнолд, пишуваат британските медиуми.
Според информациите, кралскиот клуб му понудил на Александар-Арнолд четиригодишен договор со можност за продолжување на уште една година. Фудбалерот има понуда да го обнови договорот со Ливерпул под слични услови.
Александар-Арнолд допрва треба да донесе конечна одлука за неговата иднина, но Реал Мадрид е оптимист за оваа зделка. Актуелниот договор на 26-годишниот дефанзивец со Ливерпул истекува на крајот од сезоната.