ДУИ до Јаневска: Вашиот слеп ентузијазам кој изгледа како „моќна бура“ е непромислен и краткотраен

од Milan1
24 прегледи

Од ДУИ регираат на објавата од страна на министерката за образование и наука Весна Јаневска, во врска со законот за средно образование која побара „конечно да почнат да ја почитуваат државата“.

„Министерке, можете да го толкувате повлекувањето на законот за средно образование како противење од страна на ДУИ бидејќи наводно не ја сакаме државата, но тоа е далеку од вистината – всушност, токму затоа што ја сакаме, го направивме тоа.

Ние се спротивставивме на овој закон за да ја заштитиме државата и мултиетничкиот карактер на нашата земја од поединци како вас, кои не веруваат во соживот и меѓусебна почит.

Вашиот слеп ентузијазам кој изгледа како „моќна бура“, но тој е непромислен и краткотраен, додека штетата што можете да ја предизвикате ќе биде долгорочна.

Вашиот пристап, кој исклучува и создава тензии, претставува закана за сите граѓани, без разлика на нивната етничка припадност. ДУИ се спротивстави на овој закон затоа што се грижиме.

Се грижиме за Албанците, за Македонците и за секој граѓанин на оваа земја, за да не станат жртва на вакви неодговорни пристапи и одлуки.

Нашата држава има потреба од визија и лидерство што обединува, а не што разделува“, велат од ДУИ

Слични содржини