Зеленски: Украина ќе продолжи да ги гаѓа објектите на воената инфраструктура во Русија

од Vladimir Zorba
61 прегледи

Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека Украина ќе продолжи да ги гаѓа објектите на руската воена инфраструктура, кои таа земја ги користи, како што наведе, во „терор“ против Украинците.

Тој рече дека во Киев веќе завршиле со демонтирање на остатоците и урнатините по ракетниот напад од руските војници во петокот.

„Во Керсон, откако руските бомби ја погодија онколошката амбуланта, се уште се работи. За среќа, нема жртви: луѓето беа во засолништа – пациенти и медицински персонал“, истакна Зеленски во синоќешното видео обраќање.

Слични содржини