На Манчестер Јунајтед му треба голгетер. Вака размислува новиот менаџер Рубен Аморим и веќе комбинира да го продаде Маркус Рашфорд во зима, а од Наполи да го купи Виктор Осимен, нигерискиот напаѓач кој е на позајмица во Галатасарај.
Расмус Хојлунд, Џошуа Зиркзе и Маркус Рашфорд не се по мерка на Аморим, па ќе го продадат тој што најмногу го бараат, а кој е најнезадоволен – Рашфорд. Дали тоа ќе биде Пари Сен Жермен, можеби Барселона или некој друг, останува да видиме.
Сепак, познато е дека моментално прва мета е Виктор Осимен, бидејќи и Наполи сака што поскоро да се раздели со играчот кој не сака да го облече дресот на клубот, а Галатасарај финансиски не може да се доближи до посакуваното обештетување. Парите не се проблем за Јунајтед, туку нешто многу поважно – структурата на клубот и тимот.
Познато е дека Наполи бараше 120 милиони евра за Нигериецот, но во јануари нема да биде таа цена, туку 30-40 милиони пониска. Јунајтед е заинтересиран, но и редот за такви како нив е долг.