Од ДУИ го обвинија раководството на Клиниката за детски болести во Скопје и коалицијата „Вреди“, дека организирале предновогодишни прослави финансирани од буџетски средства. Сето тоа, според опозициската партија, се случувало во период на неколку смртни случаи на деца и извештајот на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), каде еден од заклучоците беше дека на клиниката не секогаш има специјалист во дежурната амбуланта.
„Ова е тежок удар за семејствата кои ги загубија своите деца и за граѓаните кои очекуваат чувствителност и одговорност од здравствените институции.
Време е за оставки, за сериозни истраги и за враќање на одговорноста во нашиот здравствен систем.
ДУИ нема да молчи пред оваа криза, која ја извади на виделина моралната и институционалната деградација на актуелната власт.
Додека тие си го честитаат крајот на годината еден со друг, родителите се молат нивните деца да не се разболат и да не паднат во нивни раце“, велат од ДУИ.
Од поартијата обвинуваат и дека министерот за здравство, Арбен Таравари, наместо да ја решава кризата, се впушта во партиски маневри – која партија ќе доминира во „Вреди“.