Фицо: Путин најави дека е подготвен да продолжи да испорачува гас на Западот

од Nikola Popovski
26 прегледи

Словачкиот премиер Роберт Фицо изјави дека рускиот претседател Владимир Путин најавил дека Русија е подготвена да продолжи со испораките на гас на Запад.

„Рускиот претседател Владимир Путин ја потврди подготвеноста на Русија да продолжи со испораката на гас за Запад и Словачка, што е практично невозможно по 1 јануари 2025 година, со оглед на позицијата на украинскиот претседател“, напиша Фицо на својата Фејсбук страница, пренесе денеска руската агенција Интерфакс.

Фицо, кој вчера разговараше со Путин во Москва, истакна дека неговата посета на Русија е реакција на изјавите на украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој се противи на транзитот на руски гас преку Украина.

Слични содржини