Претседателот на Демократската партија, Сали Бериша оцени дека укинувањето на платформата Тик Ток во Албанија е екстремна форма на цензура од страна на премиерот Еди Рама, како да би ја забранил слободата на говорот.
„Рама одлучи да ја забрани платформата ТикТок само затоа што неговиот рејтинг на социјалните мрежи падна на земја, што го покажуваат сите анкети“, рекол Бериша во својата порака објавена на социјалните мрежи.
Тој порачал дека причините за укинување на оваа платформа се неточни, односно дека причината е убиство на ученик во училиште.
„Компанијата ТикТок информираше дека ниту покојниот Мартин ниту неговиот убиец немале профили на оваа платформа. Што излегува од ова? Тие велат дека на ист начин – за да избегнеме сообраќајни несреќи, треба да престанеме да користиме автомобили или да престанеме да ги користиме патиштата, што е апсурдно“, навел Бериша.
Додадл дека Рама решил да ја блокира оваа платформа бидејќи не може да ја контролира како другите медиуми во Албанија.
„Точно е дека Еди Рама одлучи да ја забрани платформата ТикТок само затоа што неговиот рејтинг на социјалните мрежи падна на земја, како што покажуваат сите анкети. Второ, тој не може да ги купи овие платформи, како и другите медиуми во Албанија. И конечно, ние сме на прагот на избори и не можеме да ја толерираме негативноста што граѓаните ја рефлектираат на овие платформи“, смета Бериша.
Според него, платформата ТикТок во Албанија ќе биде деблокирана веднаш по изборите.
Тој ги повика сите граѓани да застанат во одбрана на оваа платформа.
„Гарантирајќи дека платформата ТикТок ќе биде отворена веднаш по изборите, ве поканувам, драги пријатели, да објавувате статуси на вашите профили на Тик Ток, но и на другите социјални мрежи, во одбрана на оваа платформа и во знак на осуда на цензурискиот екстремизам на нарко-диктаторот Еди Рама“, заклучил Бериша.